Ел команданте и ракометарите ја почнуваат битката за Мундијалот

Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес, вечерва ја почнува битката за Светското првенство што ќе се одржи во јануари 2019 во Данска и Германија.

Македонија ќе игра против незгодната репрезентација на Романија предводена од искусниот стратег на клупата, Чави Пасквал. Натпреварот започнува вечерва во 20.30 часот во ВИП Арената, а ракометарите ќе ја имаат целосната поддршка од трибините со оглед на тоа што целата сала е распродадена до последно место.

Реваншот ќе се игра во среда во Клуж.

Македонија предводена од  популарниот ел коменданте  Раул Гонзалес  е благ фаворит во овој бараж двомеч со Романија само поради фактот што во последните 15 година  нашиот национален тим е редовен учесник на големите натпреварувања, а некогашниот ракометен гигант Романија  одамна не се пласирал на некое светско или европско првенство.