
Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, информираат дека во изминатото деноноќие се работи на отстранување на последиците од невремето. Се собираат паднатите дрвја и се сечат искршените.
Претходно, Шилегов информираше дека уште вчера се измиени наносите од кал и е поправена електричната инсталација.
Вчера, заедничките служби на Град Скопје имаа над 100 интервенции не само на дрвја, туку на однесени семафори, билборди, паднати електрични инсталации, скелиња итн. Сите главни проблеми се отстранети. Градот функционира непречено, а дополнителна работа ќе има и во наредните неколку денови, информира градоначалникот.