Луција направи хаос низ Македонија, во Скопје најлошо

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Инаку вчера за помалку од половина час  невремето направи хаос. Реки од валкана вода по улиците, паднати покриви скршени дрвја, поплавени објекти меќу кои и спортската сала Борис Трајковски.

Граѓаните неадоволни затоа што поради невремето именувано Луција,  нема да добијат  одштета бидејќи според процедурите ветерот бил посилен од 70километри на час што значело дека се работи за невреме.

Попладнето беше мирно, со не толку интензивни врнежи .