Надал до 11. титула на Ролан Гарос и парична награда од 2,2 милиони евра

Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е неприкосновен на земја, Шпанецот попладнево со 3-0 во сетови го победи Доминик Тим за 11. титула во Париз

Доминик Тим го победи Рафаел Надал минатиот месец во Мадрид, но Австриецот попладнево немаше сили за нова сензација.

Иако пружи силен отпор, Шпанецот го доби финалето во Париз со 3-0 во сетови за 2 часа и 42 минути. Најнеисвесно беше во првиот сет, Надал направи брејк на стартот, но Тим веднаш врати. Сепак, во десетиот гем Рафа по втор пат го зеде сервисот на противникот за 6-4 и водство од 1-0.

Во вториот и третиот сет Надал одново направи брејк на почетокот Тим не успеваше да се врати во игра, па рекетот број 1 ги доби со 6-3 односно 6-2 за 11. титула на Ролан Гарос и парична награда од 2,2 милиони евра.