
Поплавените улици и паднатите дрвја и гранки во текот на вчерашниот ден го отежнаа сообраќајот во Скопје поради циклонот Луција. Силниот ветер и поројниот дожд беа причина за поплавени подвозници, откорнати дрвја и оштетени објекти и коли. По краткотрајниот, но пороен дожд градските служби излегоа на терен.
Дел од улиците и булеварите беа поплавени заради листови, гранки и градежен шут кое го донесе невремето при што сливниците и шахтите беа затрупани и не можеа да ја примат количината на надојдената вода,велат од ЈП Водовод и канализација.
ЈП Водовод и канализација – Скопје во координација со Град Скопје веднаш излегоа на терен и за краток временски период успеавме да ги вратиме во функција сите градски сообраќајници.
Но, граѓаните велат дека овој проблем не се решава само после невреме. Сметаат дека е неопходно редовно чистење на канализациите за при вакви бури да не се одлива водата од шахтите.
Освен за поплавените улици, скопјани се жалат и на неисчистениот градски парк. Велат дека тоа е место каде што си играат деца и не треба паднатите гранки и калта да останат и ден по невремето. И покрај тоа што службите по невремето излегоа на терен да го исчистат ѓубрето од бурата, граѓаните стравуваат од нови поплави и излевање на водата по улиците. Од УХМР најавија дека од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи.