
Петгодишно девојче било тешко повреден во сообраќајка вчера во близина на Свети Николе, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Куманово- Свети Николе. Тогаш автомобил „голф“ што го управувал Ф.С.(24) од Куманово од непознати причини излетал од патот.
Во несреќата тешко биле повредени Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.