
Разбојник со пиштол ограбил казино,утрово во Струга.
Според полицијата, разбојништвото се случило околу 3.10 часот во казино на улицата Маршал Тито.
Тогаш маскиран разбојник и се заканил на вработената. Тој зел околу 58.800 денари и побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.