
Фотографии на кои се гледа дека во Ѓорче Петров се чуваат коњи на плац полн со ѓубре, вчера беа објавени на социјалните мрежи.
Според информацијата овој плац се наоѓа на 100 метри од главната улица во Даме Груев и многу блиску до домот на градоначалникот на општината Александар Наумоски.
Општина Ѓорче Петров стана национален парк, секаде може да се видат животни, кој прв ја сликне мечката има пиво, се вели во објавата за фотографиите.