Приведени десет лица на вчерашниот протест

Полицијата привела десет лица по вчерашните протеести против договорот за името пред Собранието, информираше МВР.

На 13.06.2018 година во периодот од 19.30 до 23.00 часот на улицата 11 Октомври, пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. Во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден незапален молотов коктел.
Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.