
Опозициската ВМРО ДПМНЕ и нивната пратеничка група во собранието нема да ја поддржи ревизијата на Уставот поради промена на името на земјата и во недела ќе организира протестен марш, соопшти доцна синоќа лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Извршниот одбор на партијата едногласно заклучи дека спогодбата за новото име е во целосна спротивност со националните интереси на Македонија, додаде тој.
Тој, исто така, ја запраша владата како планира парламентот да го усвои договорот за името по пат на просто мнозинство, но истовремено наведува дека планира да предложи уставни амандмани за кои е потребно двотретинско мнозинство.
Мицковски рече дека ВМРО ДПМНЕ во недела ќе го прослави својот роденден во Битола со протестен марш на кој ги повика сите граѓани.