
Муслиманските верници денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Централната молитва се одржа во џамијата Мустафа Паша во Скопје во 5 часот и 38 минути. Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, Сулејман Реџепи.
За Бајрам, исламскиот Пророкот Мухамед велеше: На Бајрам ангелите стојат на секој крај од патот и извикуваат – О, верници, побрзајте кон вашиот Бог затоа што тој ги нуди своите бескрајни добрини, наградува со добрини и со подароци, затоа што ви заповеда да се молите за време на ноќта и вие тоа го сторивте, ви заповеда да постите преку ден, а вие тоа го сторивте. Го почитувавте својот Бог, па затоа и примете ги неговите подароци. Возљубени и почитувани верници, тука и во нашата почитувана дијаспора, нека ви е честит Фитр Бајрам, врз вас нека биде големиот благослов на Бога и засекогаш бидете во негова милост. Честито!