Пуштен во сообраќај патот меѓу Сарај и Рашче

Денеска беше пуштен во сообраќај новиот пат меѓу Рашче и Сарај.

Изградбата на овој пат е доказ дека кога има соработка помеѓу институциите и граѓаните може да создадеме нешто ново и корисно за сите нас. Решаваме повеќедецениски проблем за жителите на Рашче и околните населени места. Тие повеќе нема да мораат да кружат преку Кондово каде што патот често се поплавува, туку директно ќе можат да патуваат преку новиот пат. На оваа локација е изграден нов алтернативен пат до Рашче и изворот Рашче во должина од 3,5 километри и ширина од 5 метри. Патот е направен како резултат на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а материјалите ги обезбеди приватен инвеститор, рече скопскиот градоначалникот, Петре Шилегов.

Вкупната сума за изградбата е 11 милиони денари, а градските трошоци се околу 4.5 милиони денари.