Уапсен грчки новинар кој им „испрати“ куршум на Ципрас и Коѕијас

Грчката полиција го уапси новинарот и издавач на  весникот „Макелеио“, Стефанос Хиос. Тој беше уапсен утрово пред просториите на весникот во Калитеа.

Неодамна тој напиша дека премиерот и министер за надворешни работи, Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, треба да бидат убиени поради договорот со името.

На насловната страна на весникот имаше фотографија на која Ципрас е со куршум на главата, исто раскрвавен беше претставен и Коѕијас.