
Под силни безбедносни мерки е селото Нивици, каде министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, денеска треба да го потпишат договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.
На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12 јуни во телефонски разговор го потврдија договореното во преговорите, што беа обновени кон крајот на минатата година.
Следете го во живо потпишувањето на договорот ТУКА.