Могерини: Овој договор ја прави Европа пообединета

„Овој договор ја прави Европа пообединета и помирна. Ова не е важно само за двете страни, туку и за цела Европа. Двете страни не направија горди, нас, европејците со вин-вин солуцијата што ја потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа“.

Ова беа дел од зборовите коишто високата претставничка од ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини ги упати по потпишувањето на договорот меѓу владите на Македонија и на Грција.