
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на градот Шибукава во префектурата Гума, во централниот дел на јапонскиот најголем и најнаселен остров Хоншу, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 20 километри.
Нема опасност од цунами, а јапонската државна телевизија НХК објави дека за сега нема податоци за поврдени луѓе или причинета материјална штета.
МИА