
На вечерашните протести пред Собранието, демонстрантите повикаа утре во 11 чaсот, пред собраниската седница на која на дневен ред е договорот со Грција, народот да го блокира влегувањето на пратениците, а Владата да поднесе оставка.
Тие го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го напушти Собранието и да се приклучи на протестите.