Петти ден протести пред Собранието

Група граѓани и денеска протестираат против промена на името пред Собранието на Република Македонија. За разлика од вчера, засега протестот е мирен. Кај демонстрантите доминира препознатливиот колор – црвено жолтата боја.

Демонстрантите го извикуваат името на претседателот Ѓорге Иванов, а пуштаат и патриотски песни.

Протестот засега е мирен, за разлика од вчера, кога поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица.

Пред Собранието забележливо е засилено полициско обезбедување.