Трамп порача дека имиграцијата во Европа предизвикува културни промени, а САД нема да ги претвори во мигрантски камп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини имигрантите во Европа, за раст на криминалот на Германија за што му се забележува дека е погрешен податок, како и за насилна промена на културата, додавајќи дека она што се случува со имиграцијата во Европа претставува слична закана и за САД порачувајќи дека не мое да биде „камп за имигрантите“.

„САД нема да бидат камп за имигрантите и бегалски центар… Погледнете што се случува во Европа, погледнете што се случува на други места. Не можеме да дозволиме тоа да се случува и во САД. Не додека сум јас претседател“, додаде американскиот претседател Доналд Трамп истакнувајќи дека „тажната“ ситуација со децата која се одвоени од своите родители кои немаат лични документи, може „брзо“ да биде решена доколку Конгресот донесол закон за имиграцијата.

Администрацијата на Трамп се наоѓа под бранот од критики поради одвојувањето на децата од возрасните на мексиканско-американската граница. Демократите, но некои и републиканци ја осудија администрацијата за одвојување на речиси 2.000 деца од родителите од средината на април до крајот на мај.

Раздвојувањето на семејствата е последица на политиката на нулта толеранција според којашто се апсат сите возрасни кои ќе бидат фатени илегално да се обидуваат да влезат во САД. Додека родителите се во притвор, децата се испраќаат во други прифатни центри. Некои видео снимки покажуваат дека децата на имигрантите се држат наводно во кафези од жици, како и седат на земја.

Трамп ги обвини имигрантите во Европа за растот на криминалот во Германија и за насилна промена на културата, додавајќи дека тоа е идентична закана и за Соединетите држави.

„Германскиот народ се свртува против своето водство, а имиграцијата ја потресе веќе кревката берлинска коалиција. Криминалот во Германија силно пораснал. Голема грешка е што во цела Европа се дозволи влегување на милиони луѓе кои силно и насилно ја менуваат нивната култура“, напиша Трамп на Twitter.

Во Германија, меѓутоа, криминалот според официјалните податоци наводно драматично се намалил. Германското министерство за внатрешни работи во мај извести дека во 2017 година биле сторени 5,76 милиони кривични дела, што е најмалку од 1992 година, што е најниска стапка на криминалот во Германија за повеќе од 30 години. Но Трамп најверојатно мислеше на случајот за убиство на малолетничката од страна на имигрант за кој судењето започна во понеделникот, како и на пишувањето на некои европски медиуми дека во западните земји, многу криминални дела сторени од имигрантите не се соопштуваат.

Во Германија од крајот од 2014 година дошле повеќе од 1,6 милиони имигранти, речиси сите муслимани од супсахарска Африка, Блискиот исток и Азија. Канцеларката Ангела Меркел е подолг период цел на критики во својата земја, а нејзината крајно либерална политика кон барателите на азил и се закани со раскинување на 70-годишната коалиција меѓу нејзината CDU и баварската сестринска CSU што претставува и закана за опстанокот на владата.

Меркел во понеделникот се согласи до крајот на јуни да биде рокот за воведување на контрола на германските граници како што побара министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер од CSU, кој порача дека ќе ѝ наложи на пограничната полиција да започне да ги враќа имигрантите доколку Меркел не го исполни ветувањето на ниво на ЕУ да се најде решение за илегалната имиграција.