
Компанијата ТЕ-ТО АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот Суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и овозможување истата да продолжи редовно да работи што е во интерес на државата, вработените, акционерите и корисниците на нејзините услуги.
Ваквата одлука на Судот, која е донесена согласно законските одредби, следува откако доверителите со над 85% од побарувањата дадоа согласност за реализација на понудениот план за реорганизација. Меѓу овие доверители е и реномирана Германска банка чиј глас беше клучен за изгласувањето на Планот.
Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители кои припаѓаат на соодветна класа на доверители, како што е предвидено со закон.
Уште еднаш напоменуваме дека сите активности на ТЕ-ТО АД Скопје се одвиваат согласно законите на Република Македонија. Наводите што ги изнесува во јавноста одредена заинтересирана страна во постапката се невистинити и целосно ги отфрламе. Тие наводи претставуваат обид за манипулација со пошироката јавност со крајна цел вршење притисок врз независните судски органи.