Казнет работник оти искористил 72 минути пауза за ручек за седум месеци

Една компанија за вода од Јапонија испрати јавно извинување на сите свои потрошувачи бидејќи нивен работник беше фатен како прави пауза за ручек.

Станува збор за 64-годишен работник од водоводот на градот Кобе на периферијата на Осака, кој за седум месеци, колку што бил вработен во оваа компанија, зел вкупно 72 минута за паузи за ручек.

Неговите претпоставени тврдат дека изгубил многу време во потрага по храна, што не било добро за компанијата. Нивната пресметка е дека во одење до блискиот супермаркет, за што требало да „изгуби“ само три минути, одел 26 пати помеѓу септември 2017 и март 2018 година.
Човекот бил „откриен“ од еден од работниците го видел низ прозорецот и веднаш го пријавил. Лидерите на компанијата јавно се извиниле за “скандалот” на сите свои корисници.

Длабоко жалиме што се случи овој скандал и сакаме најискрено да се извиниме, изјави еден од челните луѓе на компанијата, додавајќи дека платата на работникот е намалена поради тоа што го направил.

По јавното извинување, корисниците на социјалните мрежа застанаа во одбрана човекот кој само сакаше да „купи ручек“ и го нарекоа овој потег и казната за „апсурдни“.

По овој случај, пак е започната расправата за јапонската работна култура, каде што често се случува вработените ретко да земаат слободни денови и работат многу повеќе од предвиденото.