Неколку западноевропски земји критикувани поради децата на имигрантите

Неколку земји од Западна Европа, меѓу кои и Франција, се најдоа на ударот на критиките од невладините организации поради задржувањето на децата на имигрантите, необезбедувањето на соодветно сместување за децата и за некои случаи на малтретирања на границите.

Во периодот меѓу 5-ти мај и 9-ти јуни годинава во САД 2.342 деца и млади имигранти се одвоени од родителите без лични податоци кои повеќето се од земјите од централна Америка. Марија Серано од организацијата Amnesty International изјави дека досега не биле сведоци на таква свирепост.

Во неколку земји од западна Европа според законот не е возможно да се задржат деца без нивните семејства. Задржувањето во посебни центри се однесува на странците коишто немаат валидни документи и коишто чекаат депортирање.

Европскиот суд за човекови права (CEDH) во врска со притворањето на малолетните имигранти веќе ги осуди Франција, Белгија и Бугарија. Последните неколку месеци неколку невладини организации остро ги критикуваа однесувањето на властите кон децата на имигрантите во Франција.

Виолен Усон од здружението за помош на имигрантите La Cimade изјави дека Франција затоа нема право на други да им дели лекции. Во парискиот арондисман од 41 притворено дете во 2013 година нивниот број во минатата 2017 година се искачил на 305 деца. Усон додава дека ситуацијата на изолираните малолетници во Франција се влошува и разните актери од цивилното општество се исцрпуваат онаму каде што потфрлила државата. Таа смета дека повеќе стотици од овие малолетници се на улиците или се долгорочно прифатени од волонтерите.

Меѓународната конфедерација на 20 невладини организации кои со партнери дејствуваат во повеќе од 90 земји – Oxfam, предупреди дека малолетниците физички и вербално се малтретирани во Франција и понекогаш илегално испраќани во Италија.
Во Италија, каде што од 2013 година пристигнале 700.000 имигранти, децата кои во 2017 година ги имало 17.337, никогаш не се одвојувани од членовите на нивните семејства. Италија е првата земја во Европа која во 2017-та доби специјален закон за прифаќање и заштита на изолираните малолетници, според податоците на невладината организација Save the Children, којашто учествуваше во подготовката на текстот на законот. Според Amnesty International, од 27.819 имигранти сместени во прифатен центар во 2017 година, 48 биле деца.

Во Шпанија имигрантите коишто треба да бидат протерани се испраќаат во Меѓународниот центар за странци CIE, каде што им се гарантира дека ќе бидат сместени со нивните малолетни деца. Различни невладини организации и здруженија редовно ги критикуваат пренатрупаноста и нехигиенските услови во споменатиот центар. Малолетници во принцип не се одвојувани од возрасните во Шпанија, вели Џенифер Ципироли од Save the Children. Меѓутоа, таа предупредува на ситуациите во коишто доаѓаат мажи со деца без документи.

„За да се бориме против криумчарењето на луѓе, малолетниците може да бидат под надзор во центрите за малолетници…., а понекогаш децата со месеци се изолирани во центрите, бидејќи потребно е многу време да се направат ДНК тестови за да се докаже сродноста“, појаснува.