
Двајца браќа од Неготино во петокот пријавиле во полициската станица дека утрото кај месноста Дуброво го пронашле нивниот починат татко, кој претходниот ден заминал на риболов но потоа не можеле да стапат во контакт со него.
Триесет и седумгодишниот М.Т. од Неготино пријавил дека тој и неговиот брат А.Т. околу 9 часот го пронашле починат нивниот татко, 62-годишниот Б.Т. од Неготино во месноста викана Дубровски лаки.
Имено, починатиот претходниот ден околу 13,30 часот изелгол од домот и се упатил кон реката Вардар, со намера да лови риба а потоа бил недостапен на неговиот мобилен телефон.
По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од Поциската станица Неготино.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.
По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.