
Осумнаесетгодишнич од крушевско го загуби животот ноќта кон саботата откако со возилото коешто го управувал излетал од патот кај селото Лажани, а во несреќата е повредени уште еден малолетник, инфомираше министерството за внатрешни работи.
Трагедијата се сличила во петокот околи 22,40 часот на патот меѓу селата Ропотово и Лажани, кога автомобил „голф“ со битолски регистарски ознаки управуван од 18-годишниот од Е. Ј. од крушевското село Саждево излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот 16-годишниот М. М., исто така, од Саждево при што биле префрлени во Градската општа болница во Прилеп. Околу 2,10 часот Е.Ј починал од здобиените повреди.