
Грчката дијаспора вербално го нападна вчера премиерот на Грција, Алексис Ципрас, за време на неговата посета во Лондон. Грчките иселеници извикуваа „Предавник“, „Македонија е продадена“, „Срам да ти е“.
Демонстрантите фрлија и пари на улица во знак на обвинување дека Ципрас го продал името во замена за олеснување на долгот.
И покрај тоа грчкиот премиер ја задржа насмевката, влезе во неговото возило и се одвезе додека граѓаните продолжуваа да извикуваат.
Грчкиот дневник „Прототема“ јави дека Грците се собрале пред зградата каде Ципрас се сретна со претставници на грчката дијаспора.