Хрватска го победи Исланд

Хрватска го освои и последниот натпревар во групата „Д“ по победата над Исланд со 2:1. Така тимот на Златко Далиќ заврши на првото место во групата со 9 поени и ќе игра против Данска на осминафиналето на Светското првенство.

Исланд беше на гол од пласман во елиминациската фаза, но на крајот заврши на последното место во групата, останувајќи само на еден бод.

Иако имаше девет промени во хрватскиот тим, тие го отворија резултатот преку Бадељ во 53-тата минута, а нивниот ривал пропушти некои добри можности на крајот на првото полувреме и почетокот на второто.

Исланд дојде до гол, но дури во 76-тата минута, кога Сигурдсон изедначи од пенал.

На крајот на дуелот, Перишиќ ја донесе победата на Хрватска и ги уништи соништата на Исланѓаните.