
62-годишната С.С. пријавила во полиција дека нејзината 28-годишна ќерка, со која не се чула две недели, и се јавила од болницата во Гевгелија. Тврдела дека престојувала во Стар Дојран со непознато лице, по кое полицијата сега трага.
С.С. (62) вчера во 11:00 часот во Полициско одделение Македонска Каменица пријавила дека околу две недели немала контакт со нејзината ќерка Ј.Л. (28). На 13.06.2018 година и се јавила Ј.Л. и и кажала дека била во болница во Гевгелија бидејќи имала здравствен проблем, а престојувала во Стар Дојран со некое лице и оттогаш не можела да стапи во контакт со неа бидејќи телефонот и бил исклучен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.