
Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение ги демантира изнесените тврдења од страна на Дипломатскиот клуб дека го блокира наименувањето на неколку амбасадори.
Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност. Доколку Дипломатскиот клуб има забелешки околу постапката и процедурите за именување на амбасадори, го упатуваме на одговори во кабинетот на министерот за надворешни работи, се вели во реакцијата од кабинетот на Иванов .
Претседателот на Република Македонија, како што се вели во соопштението, како и досега, останува доследен на своите заложби за поставување на професионални и стручни кадри, кои ќе придонесат во јакнење на дипломатската мрежа и ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија.