
ВМРО-ДПМНЕ нема да подлогне на сценаријата во кои нашата партија ќе биде обвинета дека сака на сила да ги урива институциите и договорот со Грција, но не ја исклучува можноста да го повика народот на масовни и мирни протести, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија„Само вистина“ на ТВ Канал5.
Според Мицкоски, препознатлива е намерата на Владата да се обвини ВМРО да се оцрни пред меѓународната заедница и да го изгуби имунитетот во политичкото делување со провидни сценарија, какви што беа за време на последните протести.
Имаме лидер на партија со знамиња на две држави како се качува на полициски хермелин, а специјалецот го моли да се симне, а се фрла солзавец и се покажува сила врз недолжен народ. ВМРО-ДПМНЕ нема да подлегне на такви сценарија. Дел од тоа сценариоа е и нападот врз зградата на партијата. Ние ги подржуваме сите граѓани кои искрено се на улиците и протестираат, но нема да подржиме насилство. Имаме пресија врз членството, се снимаат нашите членови кои се на протести, но тие се таму како и сите други граѓани кои го изразуваат сввојот револт поради капитулацијата која ја потпиша Заев. Ние остануваме дека институционално ќе се бориме против овој чин, но не ја исклучуваме можноста да организираме во скора иднина да повикаме на масовни протести, но ненасилни, изјави Мицкоски.
Според него, иако голем број на граѓани ги критикуваат поради ваквиот начин на функционирање, Мицкоски останува на ставот дека тоа е правилното решение.
Не само што нема да ја загубиме подршката, напротив, имама се поголема подршка. Вистинските поборници на нашата партија знаат и разбираат во какво сценарио сака власта да ја втурне ВМРО-ДПМНЕ, па затоа и ја подржуваат ваквата политика на партијата, изјави Мицкоски.