Тетовец украл гасен пиштол па се заканувал на мајка си

Полицијата привела жител на тетовско Нераште кој украл гасен пиштол и се заканувал на мајка си, информираше МВР.

Станува збор за Ј.Ќ. (38) од село Нераште, против кого е поднесена кривична пријава за разбојничка кражба, за противправно лишување од слобода како и за загрозување на сигурноста.

Според полицијата, насилникот во петокот околу 6.30 часот влегол во куќата на В.Ѓ. (69) во село Теарце. Тој од домаќинката зел гасен пиштол со кој и се заканил дека ќе ја убие. Потоа ја заклучил во куќата, па со оружјето се вратил во неговиот дом. Таму почнал расправија со неговата мајка Ш.Ќ. (71), по што таа пријавила дека била психички малтретирана од него.

По преземени мерки, пријавениот бил лишен од слобода, му бил одземен пиштол „МД92ФС БЛОУБЕК”, а во разговор во полициска станица ги признал делата.