Убиен полицаец и обезбедувач во основно училиште во Јапонија

Полицаец и службеник на обезбедувањето на основно училиште се убиени во напад на засега непознат маж во северозападниот јапонски град Тојама, административен центар на истоиментата префектура, пренесува во вторникот јавниот сервис телевизијата NHK.

Напаѓачот влетал во полициската станица во центарот на градот и со нож нападнал еден од службениците. Му нанел смртоносни рани и му го одземал службениот пиштол.

Потоа се обидел да побегне и пукал во припадник на обезбедувањето на соседното основно училиште, сериозно ранувајќи го. Двајцата ранети биле префрлени во болница, но лекарите не можеле да ги спасат.

Припадниците на безбедносните служби набрзо го уапсиле осомничениот за нападот, и притоа употребиле оружје, пренесува телевизијата. Тој се наоѓа во бесознание во болница, се додава.

Полицијата работи на откривање на идентитетот на напаѓачоат и мотивите за злосторството. Инцидентот се случил во многу фреквентен кварт на градот во близина на централната железничка станица.