ВИДЕО Во Словенија падна снег

На планинскиот врв Кредарица во Словенија вчера падна снег.

Иако календарски веќе сме во летото, температурите на целиот Балкан се пониски од вообичаеното за овој период, а на планинскиот врв Кредарица во Словенија вчера падна снег.

Објектите и околната природа кои се наоѓаат на 2.515 метри висина се покриени со бела покривка.

Кредарица е планински врв на јулиските Алпи во Словенија.

https://www.facebook.com/gorazdeonline/videos/1768763773208180/