Воз со 80 патници излетал од шините, најмалку двајца повредени

Најмалку две лица се потешко повредени кога воз со 80 патници излетал од шините во близина на градот Санкт Пелтен во Австрија.

Од шините излегле два од трите вагона на возот во кој имало  80 патници.

Несреќата се случила во близина на селото Велердорф, рано утринава.

Според медиумите покрај двајцата потешко повредени, неколку од патниците се здобиле и со полесни повреди.

Причината за несреќата се уште не е позната, пренесе Ројтерс.