
До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен ветер од североисточен превец.
Времето утре ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 17 до 22 степена.
Во Скопје ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува унерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 21 степен.
Во петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.