-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Меркел се огласи по настапот на Германија на Светското првенство

Германија загуби од Јужна Кореја во последниот дуел од групната фаза на Светското првенство во Русија со 2:0 и не успеа да обезбеди пласман во втората фаза од Мундијалот.

Германците за прв пат Светското првенство го завршуваат во групната фаза и тоа како последни во групата, каде Шведска го освои првото место, Мексико второто, а Јужна Кореја успеа да се избори за честта на својата нација.

После поразот своја порака на Фејсбук напиша и германската Канцеларка, Ангела Меркел:

-Штета. Сите сме тажни денес, напиша Меркел на својот официјален профил на Фејсбук.