
Конзервативната полска владејачка партија објави во средата дека ќе поднесе амандмани на контроверзниот закон за заштите на Полјаците за дејствијата во Втората светска војна поврзани со холокаустот кој наиде на особено жестоки критики од Израел и од САД.
Измената, во прв ред, се состои во тоа што целосно ќе биде исфрлена одредбата од законот донесен во јануари која предвидува до три години затвор за лица кои „одговорноста или соодговорноста за нацистичките злосторства им ги припишуваат на полскиот народ и државата“, изјави во парламентот заменикот министер за култура Јарослав Селин.
Расправата за амандманите на барање на премиерот Матеуш Моравјецки по итна постпака е вметната во дневниот ред на парламентарнате седница во средата.
Законот којшто треба да го штити угледот на Полска и Полјаците во Втората светска војна од лажни обвинувања ги затегна односите со израелската влада, којашто заедно со еврејската дијаспора ѝ забележаа на Варшава дека сака да го негира учеството на некои Полјаци во геноцидот над Евреите, па и да ги спречи преживеаните да зборуваат за нивните искуства и за смртта на блиските.
Владата на полската владејачка партија Право и справедливост (PiS) истакнува, пак, дека главна цел на законот е да ги спречи употребите на синтагмата „полски концентрациони логори“ која ја оценува за неправедна, бидејќи всушност станува збор за германски нацистички логори.
„Одлучивме да го измениме законот (…) со отстранување делување коишто овозможуваат примена на законски казни за користење на неточни информации и мислења во вррска со историјата“, изјави претседателот на парламентарната група на PiS, Рожард Терлецки.