
Обилните врнежи дожд во Грција им донесоа проблеми на локалните угостители и на туристите во време кога треба да биде во ек летната сезона. Неколку области се целосно под вода од обилните дождови и надојдените реки, а плажите се речиси празни.
На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде има поплавени куќи и други објекти, потврди противпожарната служба. Поплавени се и неколку патишта, што го отежнува сообраќајот, а водата однела и едно возило, објави грчката новинска агенција АНА.
Реката Агиос во Николаус се излеа од своето корито, а по поплавите во Ситонија наредена е итна евакуација на гостите од хотелот „Аша Марис“ кај Пиргадикија. Гостите се евакуирани во хотелот „Александрос“ и сите се во добра состојба. Дождот предизвика материјална штета на повеќе објекти и возила.
Во Каналија, Тесалија има над 30 поплавени куќи, објави „Катимерини“, а повеќето локални патишта се под вода.
Поплави има и во Лариса, а на островот Евија под вода се голем дел од плажите.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258378177718604/