„Епл“ и „Самсунг“ ги закопаа воените секири

По седум години судење за правата на патент и дизајн, „Самсунг“ и „Епл“ конечно дојдоа до спогодбено  решение за спорот. Детали од спогодбата не беа обелоденети, а претставниците на „епл“ само рекоа дека „дизајнот е од исклучително значење за нив“ и дека тужбата била повеќе поради тоа отколку поради парите.

Се започна во 2011 година кога „Епл“ го обвини „Самсунг“ дека го ископирале нивниот iPhone 4, а поротата одлучи една година подоцна дека „Самсунг“ мора на конкуренцијата да и плати милијарди долари.

Корејската компанија поднесе жалба и по неколку повторени постапки пред судот, надоместот е намален на 539 милиони долари. „Самсунг“ повторно се жалеше, но сето тоа заврши со вонсудска спогодба.

Нема официјални соопштенија од двете страни.