
Нашите најдобри кошаркари во Швајцарија го играат последниот меч од претквалификациите за ЕП против домашната селекција. Натпреварот е закажан за во 19.30 часот.
Македонија во овој дуел влегува како фаворит бидејќи е со максимален учинок во групата. Швајцарија загуби убедливо во Скопје, а кошаркарите два пати ја победија Словачка.
Во нашиот табор вечерва ќе недостасуваат Маслинко, Николовски и Соколов, но ќе настапи новиот Американец, Витингтон кој е замена за Хендрикс, кој одлично играше во националниот тим.