
Вчера во 23:40 во Скопје, на улицата „Јужноморавски бригади“ 15-годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед „Лонгија“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот, се излизгал со мопедот надвор од коловозот и паднал на тротоар.
Со возило на Итна медицинска помош тој и неговата сопатничка (на иста возраст) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на малолетникот му биле констатирани тешки телесни повреди (животно загрозувачки) и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатничката се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.