
Музиката никогаш не престанала за Софија Пинаева, којашто изведувала концерт на флаута додека хируризите ѝ отстранувале тумор на мозокот во австриска клиника, покажува видео снимката којашто нејзините лекари ја објавиле во средата.
Хирурзите ја замолиле 25-годишната музичарка од Русија да свири за да бидат сигурни дека не оштетиле критични делови од нејзиниот мозок, објавија од универзитетската клиника во Грац, каде што живее флаустката Софија Пинаева.
Операцијата инаку била извршена минатата година, меѓутоа болницата одлучила да почeкаат со објавувањето на сите детали додека не бидат сигурни дека девојката целосно закрепнала.
„Операцијата на мозокот во будна состојба е единствениот начин да се отстрани таквиот тумор, а да не се жртвуваат некои мозочни функции“, изјави Горд фон Кампе, кој го водел лекарскиот тим. При таквиот тип операции пациентите примаат анестезија, но остануваат будни два часа колку што трае операцијата.
Пинаева во операционата сала ја изведувала „Мала ноќна музака“ на Моцарт, како и дела од Бах и Прокофјев. Операцијата била завршена речиси без ниеден грашка.
„Имаше мал инцидент. Згрешив во текот на свирењето“, изјавила младата музичарка на прес-коференцијата во Грац.
Хирурзите се загрижиле дека нешто тргнало на лошо, меѓутоа музичарката рекла дека веднаш објаснила дека едноставно отсвирела погрешна нота.