Намалување на цената на струјата?

Се очекува мало намалување на цената на струјата, но тоа ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за утре.

Според барањата на енергетските компании, ЕВН побарала 9 отсто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ побарале намалување од 1,5%, додека МЕПСО не навеле процент.

Конечната одлука се носи утре од страна на новиот состав на Комисијата. Регулаторната комисија најави дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената за приклучок која сега изнесува 500 евра, во општини кои имаат ДУП.