(ВИДЕО и ФОТО) Најмалку 15 загинати во пожар на пазар во Најроби

Најмалку 15 луѓе се загината, 70 се повредени а уште девет луѓе се водат како исчезнати во пожарот кој избувлан во четвртокот во кениската престолнина Најрои, пренесува локалниот весник Daily Nation.

Пожарот избувнал во областа на пазарот Џикомба околи 01 часот по полноќ по локално време, околу полноќ кон четвртокот по македонско време, изјавиле очевидци за весникот.

Според претставникот на спасувачката служба, околу 58 лица побарапе лекарска помош во болниците поради изгореници. На другите настрадани медицинска помош им била пружена на самото место.

Пазарот Џикомба е популарен пазар во Најроби познат по продавата на облека „од втора рака“. Речиси секоја година од 2015-та овој пазар го зафаќаат пожари. Претходно кенискиот претседател нареди истрага за двата пожара од минатите години, кои се случија на истиот пазар во текот на изминатите девет месеци.