ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ може да слави капитулација

Само СДСМ без ронка срам може да слави класичен пораз и капитулација на Македонија. Само СДСМ без образ и достоинство може да го лаже народот дека Македонија ги отпочнува преговорите за членство во Европската Унија. Лагите на Зоран Заев не минуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вештачките, намонтирани насмевки не може да го оправдаат капитулантскиот, неуставен договор со кој што Заев го брише името Република Македонија и ги оспорува идентитетските одредници, јазикот и националноста. Тешко на Македонија и на граѓаните, доколку за СДСМ е успех, последното место во Европа по корупција и падот од 17 позиции на листата меѓународната Транспарентност. Тешко на Македонија и на граѓаните доколку за СДСМ е успех тоа што Зоран Заев доби уште една амнестија за очигледен криминал и барање поткуп од 200 илјади евра.
Република Македонија вчера доби сериозно предупредување дека капитулантскиот договор не може да ги покрие криминалите на картелот во власта. Граѓаните очекуваат вистински реформи, а не капитуалции на секој чекор. Оваа антидржавна власт мора да си замине. Македонија ќе победи, стои во соопштението на партијата.