Втор уписен рок во средните училишта

Во државните средни училишта, каде што се уште има слободни места, денеска е второто пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година.

По првото пријавување, Министерството за образование и наука соопшти дека за вториот термин слободни се вкупно 24.000 места. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре.

За второто пријавување училиштата можеа да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.