
Официјална Приштина донесе одлука на српскиот министер за одбрана Александар Вулин да му ја забрани посетата на Косово за Видовден, соопшти српската Канцеларија за Косово и Метохија.
Канцеларијата за КиМ на српската влада ја осуди одлуката на косовската влада на министерот за одбрана на Србија Вулин да му ја забрани утрешната посета на Косово и соопшти дека министерот итно ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Министерот Вулин за ова прашање ќе одржи итни консултации со претседателот на Србија Александар Вучиќ, за што јавноста ќе биде информирана“, се наведува во соопштението.
Се истакнува и дека одлуката е донесена за да се понижи Србија.
„Јасно е дека таквата долука е донесена во координација на Приштина и Европската служба за надворешни работи за да се понижи Србија“, се наведува во соопштението. Се додава и дека одлуката е лоша затоа што Приштина во неделата, на средбата во Брисел, се обврзала да ги почитува досегашните договори.
„Посетата на министерот Вулин е најавена во согласност со вообичаените процедури и нејзиното оневозможување е најгрубо кршење на Договорот за посети на функционери, чиј гарант е токму Европската Унија“, се истакнува. Српската Канцеларија за КиМ додаде и дека претставници на одделни држави се обиделе на државниците на Србија да им сугерираат „каков вид пораки треба да испратат на Видовден“.