
Ирачките власти погубиле дванаесет лица осудени за тероризам откако премиерот Хајдер ал-Абади повика на итни егзекуции како одговор на грабнувањето и убиствата на осумте припаднции на безбедносните сили, соопштено е во петокот.
Претходно во четвртокот вечерта премиерот Хајдер ал-Абади нареди како одмазда итно да се погубат сите оние коишто се осудени на смрт поради тероризам.
„Врз основа на наредбата на премиерот Хајдер ал-Абади, во четвртокот се извршени погубувањата на дванаесет терористи“, изјави владиниот портпарол во петокот.
Безбедносните сили во средата ги пронашле телата на осумте мажи разнесени со експлозив, два дена по истекувањето на рокот кој го поставија грабнувачите припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.
Џихадистите ги грабале припадниците на ирачките безбедносни сили и покажаа шестмина од нив во видео снимка објавена во саботата, заканувајќи се дека за три дена ќе ги егзекутираат доколку владата во Багдад не ги ослободат сунитските затворенички.
Портапролот на министерството за внатрешни работи изјави дека обдукцијата покажува дека војнциите биле убиени пред истекот на рокот и дека видео снимката е пропаганда на Исламската држава.
Премиерот Абади прогласил конечна победа над сунитските џихадистички бунтовници во декември, но тие уште се активни сместени во мали места по должината на границата со Сирија и од таму напаѓаат поставувајќи заседи, убиваат цивили и подметнуваат експлозии ширум Ирак. Нападите од Исламската држава изминатите седмици го достигнаа врвот, посебни на автопатиот кој главниот град Багдад го поврзува со северот од земјата, од каде што биле и грабнати војниците.