Ботас најбрз во квалификациите во Австрија

Возачот на „Мерцедес“, Финецот Валтери Ботас беше најбрз во саботата во квалификациите на трката од Светското првенство во Формула 1, која ќе се вози во неделата на патеката Шпилберг а Големата награда на Австрија.

Второто време во квалификациите го оствари неговиот тимски колега и водечки во генералниот пласман, Британецот Луис Хамилтон.

Од вториот ред ќе стартуваат возачите на „Ферари“. Германецот Себастијан Фетел, кој зад Хамилтон заостанува 14 бодови, беше трет во квалификации, а Финецот Кими Рајконен е четврти.