
Незадоволни навивачи ги гаѓаа репрезенативците на Јужна Кореја со јајца откако тие пристигнаа дома. Очигледно триумфот над Германија беше недоволен за нив.
Иако беа претставени како херои во речиси целиот свет се чини дека не се омилени во татковината. Незадоволни навивачи ги гаѓаа со јајца фудбалерите на аеродромот во Инчон по нивното пристигнување дома. Корејците не изборија пласман во осминафиналето иако во последното коло ја победија Германија и ја исфрлија од турнирот, а за влакно им избега местото во нокаут фазата.
https://www.youtube.com/watch?v=VdsQjo2SF5k