
Од Владата на Република вледат дека информациите за градење на бегалски камп во Визбегово се лажни вести.
Упатуваме апел да не се манипулира јавноста за активностите во прифатниот центар во Визбегово и да не се наседнува на лажните документи кои се споделуваат по социјланите мрежи, се вели во демантот на Владата на овие информации.
Во демантот се вели дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради привремена населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти.
Оваа одлука е усвоена минатата година и со неа Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица од ранливи категории граѓани на Македонија кои живееат во импровизираната населба Под Кале во Скопје. Бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја, се вели во демантот од Владата.
Инаку, денеска на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ портпаролот, Димче Арсовски, објави владини документи кои обелоденуваат дека е планирана изградба на бегалски кампови во Визбегово, документот е изработен од Агенцијата за планирање на просторот и е во вид на предмет барање на податоци и информации до повеќе институции, а во врска со изградба на прифатен центар за странци, популарно наречен бегалски камп.
Мила Царовска нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, таа има проблем со реалноста. Реалноста вели дека на овој документ тука, пишува државна урбанистичко планска документација за прифатен центар за странци. Не пишува за бездомници, пишува за странци. Со тоа што би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ не манипулира, не шири лаги и невистини. Единствено кој што сака да манипулира, а тоа е Мила Царовска и со тоа се обидува да ја навреди и да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Граѓаните го видоа овој документ и јасно се гледа од таму кој шири лаги и невистини, изјави денес Арсовски како одговор на обвинувањата на Царовска дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини во врска со бегалските кампови.